Каква глупост направи советникот на Трамп со iPhone

Објавено на 04.11.2019 во Новости



Каква глупост направи советникот на Трамп со iPhone

Руди Џулијани во 2017 година бил именуван од Доналд Трамп за специјален советник за кибернетска безбедност. Со оглед на тоа што првиот човек на САД е привлечна мета на кибернетски напади, јасно е дека му треба некој експерт со големо искуство и знаење во таа област.

Сепак човекот покажа дека нема одговорност, затоа што со своето однесување можел да ја загрози безбедноста на Трамп и САД. За помалку од еден месец, откако станал советник за кибернетска безбедност на една од најмоќните личности на светот, тој застанал на ред пред продавницата на Apple, со цел да го однесе својот iPhone на поправка. Проблемот е што го заборавил својот passcode, па го блокирал телефонот со погрешна лозинка. 

Значи, телефонот што има бројни важни информации за Трамп и безбедноста на САД, Џулијани го дал на вработен во Apple, кој го поправил така што ја избришал содржината на него и го обновил од iCloud. Проблематично е што телефонот го бекапирал на iCloud, т.е. сервер на приватна компанија, што го прави исклучително ранлив на хакерски напади. 





Прочитајте повеќе: