Мртвиот агол во автомобилите го реши 14-годишна тинејџерка

Објавено на 05.11.2019 во Новости



Мртвиот агол во автомобилите го реши 14-годишна тинејџерка

14-годишната Алаина Гаслер од Вест Гроув, Пенсилванија, има решение за мртвиот агол во автомобилите, кој многу пречи во возењето, со оглед на тоа што возачите немаат толку прегледност. Девојчето освои едукативна награда од 25.000 долари на локален натпревар по математика, променети науки, технологија и инженерство. 

„Подобрување на безбедноста во автомобилот, со отстранување на мртвиот агол“ се нарекува проектот на девојчето, кој го елиминира лошиот агол од столбот за потпирање на покривот од десната страна од шофершајбната, страната на совозачот. Гаслер се одлучила за ова, мотивирана од фактот што мајка и е ограничена кога вози. Новиот систем е со камера поставена од предниот дел на прозорецот со дисплеј од внатрешната страна за да го покаже на возачот она што не може да го види.