Ford го претстави Mustang Lithium, електрична верзија на класикот

Објавено на 07.11.2019 во Новости



Ford го претстави Mustang Lithium, електрична верзија на класикот

Ford Mustang на батерии е концепт поради за кој фановите на Mustang не би поверувале дека е изработен во еко верзија, т.е. електрична верзија. Ford Mustang Lithium беше ексклузивно претставен во Лас Вегас, кој располага со електричен агрегат од 900 коњски сили и момент на обраќање од 1356 NM.

Ford во соработка со компанијата Webasto, ставил 800-волтна батерија во моделот под каросеријата, со моќност како на класичен автомобил моменталните малопродажни салони. 

Во Ford одлучиле да задржат и нешто од „старата школа“ па така Mustang Lithium има рачен менувач со брзина од шест степени на пренос и во задниот погон. 

Со оглед на неверојатната моќност на Lithium, убаво дизајнирани се и внатрешните делови како што е полуосовината за повисоки перформанси и диференцијалот Super 8.8 Torsen, со сет гуми Michelin Pilot Sport 4S со цел се заедно совршено да лежи на патиштата. 

„Коњот“ на Ford доаѓа со кабело за TurboDX експресно полнење за неговата моќна литиумска батерија.

Автор: Aleksandar Stankov