Следната година ќе добиеме еден полнач за сите мобилни и мали апарати

Објавено на 07.11.2019 во Новости



Следната година ќе добиеме еден полнач за сите мобилни и мали апарати

Изгледа дека дојде времето кога нема да имаме различни полначи за полнење. Одборот за внатрешниот пазар и заштита на потрошувачите во Европскиот парламент расправаше за обврската со воведување на уникатен полнач за сите мобилни апарати. 

„Од следната година сите треба да имаме еден полнач за сите мобилни уреди, како и за други мали електронски апарати“, најави денес потпретседателката за европски социјалисти, Билјана Борзан.

Таква промена на закон за граѓаните може да осетат и на својот џеб, затоа што би заштедиле со купување на нов мобилен уред, оти токму толку изнесува и цената на полначот. Освен намалувањето на електронскиот отпад, со стандардизацијата на полначите за половина електронски уреди, потрошувачите ќе заштедат повеќе од половина милијарди евра до 2021 година.