Facebook под истрага, двајца вработени во Twitter работеле за Саудиска Арабија

Објавено на 08.11.2019 во Новости



Facebook под истрага, двајца вработени во Twitter работеле за Саудиска Арабија

Двајца вработени во Twitter се обвинети за шпионажа, а Facebook е под истрага во Калифорнија. Калифорнија го тужи Facebook оти не им ги доставил сите податоци на истражителите во истрагата што се води против неа. Веќе година и половина се проверуваат сомневањата дали Facebook ги кршел законите меѓу останатите, измамувајќи ги корисниците и лажно претставувајќи ја својата безбедносна пракса.

Со оглед на тоа какви информации му даваме на Facebook секој ден, ова се дефинитивно сериозни обвинувања. За лоша заштита на корисничките податоци ќе мора да се брани и Twitter. Американското министерство за правосудство брка двајца поранешни службеници за шпионажа во корист на Саудиска Арабија. Постои основано сомнение дека ги собирале податоците од Twitter, вклучувајќи ги оние што ја критикувале саудиската власт. Twitter соопшти дека има ризици, но дека корисниците се заштитени и нема простор за грешка.