Гејтс повторно ја призна својата голема грешка: „Победникот зема се“

Објавено на 08.11.2019 во Новости



Гејтс повторно ја призна својата голема грешка: „Победникот зема се“

Мобилниот пазар е „игра во која победникот добива се“ – денес Android е доминантен, додека Windows Mobile и Windows Phone се дел од далечното заборавено минато. Microsoft имаше неуспешен обид за освојување на пазарот на мобилен софтвер.

Бил Гејтс вели дека во моментот кога требало да ги испорачаат првите Windows Mobile софтвери, бил премногу концентриран на истрагата што била покрената против Microsoft од Министерството за правосудство, па така не можел да се фокусира на мобилниот софтвер. Компанијата била многу близу и поради тој случај не успеала да ги испорача првите Windows-и за Motorola Droid од 2009 година, првиот Android на Motorola и „клучниот уред што помогна да се популаризира Android во САД“.





Прочитајте повеќе: