Huawei P30 моделите добиваат надградба со EMUI 10

Објавено на 11.11.2019 во Новости



Huawei P30 моделите добиваат надградба со EMUI 10

Huawei ја стартува големата надградба на Huawei P30 и Huawei P30 Pro смартфоните кои ја добиваат најновата верзија на корисничкиот интерфејс EMUI 10.

Ова е важна надградба бидејќи EMUI ги содржи сите новитети од оперативниот систем Android 10, па така корисниците на Huawei P30 во наредниот период ќе стигнат до новиот квалитетен софтвер со бројни новитети.