Nokia го планира првиот 5G смартфон

Објавено на 12.11.2019 во Новости



Nokia го планира првиот 5G смартфон

HMD Global кој ја има лиценцата за брендот Nokia планира на почетокот на следната година да го лансира својот прв 5G смартфон кој според најновите информации ќе припаѓа во средната висока класа, па така што се очекува и цената да биде пристапна. 

Најверојатно ќе биде активиран Nokia 8.2 како 5G смартфон за време на Светскиот мобилен конгрес кој кон крајот на февруари ќе се одржи во Барселона.

За премиум класата HMD Global планира да лансира посебен уред во името на Nokia 9.1 PureView кој ќе има 5G конекција, но не се знае дали ќе го задржи модулот со пет главни камери. Овој уред ќе притигне кон средината на 2020 година.