Вработен во сервис си праќал интимни слики од телефон за поправка

Објавено на 15.11.2019 во Новости



Вработен во сервис си праќал интимни слики од телефон за поправка

Пред да го однесе својот iPhone на поправка на дисплејот во Калифорнија, Глорија Фуентес се плашела да не почне да и копа по телефонот некој од вработените. Затоа и избришала сите банкарски апликации, Facebook и други апликации со приватни и чувствителни податоци.

Заборавила само едно - на фотографиите снимани на телефонот, каде имала и интимни фотографии. Кога телефонот го земала од поправка и кога сакала да прати порака, забележала дека претходно имало испратено интимна слика на непознат број, која ја фотографирала само за својот дечко. Сликата била пред една година, па така било јасно дека момчето очигледно ја разгледало цела галерија. Веднаш заминала во Apple и така вработениот бил отпуштен од работа. Го пријавила во полиција, моментално истрагата е во тек, а во меѓувреме ја објавила целата приказна на Facebook како предупредување за сите што го носат телефонот на поправка.





Прочитајте повеќе: