Големи планови за FEDOR, рускиот робот ќе оди на Месечината

Објавено на 15.11.2019 во Новости



Големи планови за FEDOR, рускиот робот ќе оди на Месечината

Рускиот хуманоиден робот FEDOR или Skybot F850, би можел да добие интересна улога за освојувањето на Месечината. Како што открива Евгениј Дудоров, извршниот директор на компанијата Androdnaja Tehnika, која го развила роботот, Fedor на својата прва вселенска мисија би можел да тргне во 2022 година.

Планот е Fedor да наврати до Меѓународните вселенски станици и таму да престојува со астронаутите, а долгорочно може и да се прошета на Месечината. Со текот на времето таквите роботи би можеле да бидат користени и во текот на мисиите на Месечината, но за тоа требало долните екстремитети да ги заменат со тркала како што се оние на стандардните возила за Месечината. Fedor претходно престојуваше на Меѓународната вселенска станица, што значи дека има веќе една успешна мисија зад себе. 
 

Автор: Aleksandar Stankov