Откриен капацитетот на батеријата на Samsung Galaxy A51

Објавено на 16.11.2019 во Новости



Откриен капацитетот на батеријата на Samsung Galaxy A51

Samsung Mobile продолжува да ја надополнува Galaxy A серијата со нови смартфони кои добиваат се поквалитетни перформанси додека пак нивните цена постепено се смалува. Во таа група ќе влезе и Samsung Galaxy A51 за кого сега се откриваат нови детали.

Според податоците од повеќе регулаторни тела кои веќе дадоа одобрување и сертификати новиот Samsung Galaxy A51 е потврдено дека ќе има батерија со капацитет од 4000 mAh, 6,5 инчен Full HD дисплеј, quad главна камера на задната страна со четири сензори, 32 мегапикселна селфи камера, Exynos 9611 процесор, 4 GB RAM, и Android 10 оперативен систем.