Што ќе понуди Redmi K30?

Објавено на 16.11.2019 во Новости



Што ќе понуди Redmi K30?

Redmi K30 по се изгледа ќе биде еден од поатрактивните смартфони во средната висока класа со перформанси на кои ќе може да му позавидат и премиум моделите.

Xiaomi за новиот Redmi K30 подготвува 5G конекција со новиот мобилен чипсет Qualcomm 7250 кој ќе биде еден од помоќните во оваа класа. Redmi K30 исто така ќе има двојна селфи камера на предната страна. 

Redmi K30 го очекуваме до крајот на март со многу пристојна цена која не би требало да надмине 400 евра.