Lenovo лансираше нова верзија на Z6 Pro 5G

Објавено на 16.11.2019 во Новости



Lenovo лансираше нова верзија на Z6 Pro 5G

Lenovo Mobile лансираше нова верзија на Z6 Pro 5G смартфонот од високата класа, но овој пат со мала измена на дизајнот, односно со нова темно сина боја на маската за поелегантен изглед.

Lenovo Z6 Pro 5G беше лансиран со 6.39 инечн FHD+ Super AMOLED дисплеј, работи со осум-јадрен Snapdragon 855 процесор, 8 GB RAM, 256 GB основна вградена меморија, располага со quad главна камера на задната страна со четири сензори, има 32 мегапикселна селфи камера на предната страна, батерија со капацитет од 4000 mAh, и секако 5G мобилна конекција.