Huawei би можел да го подготвува својот „Motorola Razr“ компетитор

Објавено на 17.11.2019 во Новости



Huawei би можел да го подготвува својот „Motorola Razr“ компетитор

Motorola Razr е моментално уникатен преклопен смартфон, кој наскоро излегува во продажба. Samsung неодамна потврди дека работи на телефон што се преклопува како школка, додека новиот патент дава сугестија дека Huawei ќе го направи истото.

Новиот модел на Huawei ќе има модерен дизајн, ќе има висок дисплеј и екстремно тенки рамки од предната страна. Телефонот не располага со никаква дупка во дисплејот или засек, што значи дека Huawei планира да вгради технологија под дисплејот за предната селфи камера. Задната страна на Huawei го позајмува камера сетапот од предводниците на P-серијата. Ќе има вертикално позициониран модул во горната лева страна и три сензори со LED блиц.