Huawei Mate 20 Pro ја добива големата надградба со EMUI 10

Објавено на 17.11.2019 во Новости



Huawei Mate 20 Pro ја добива големата надградба со EMUI 10

Huawei ја стартуваше големата надградба со новата верзија на корисничкиот интерфејс EMUI 10 која е базирана на Android 10 оперативниот систем за моделот Huawei Mate 20 Pro откако минатата недела беше надградена Huawei P30 серијата.

Корисниците треба да обезбедат доволно мемориски простор на нивните уреди пред да направат инсталација на новиот софтвер EMUI 10.

Следни за оваа надградба ќе бидат и останатите модели од Huawei Mate 20 серијата во наредните денови меѓу кои Mate 20 X, Mate 20 Lite, Mate 20 и Mate 20 Porsche Design.