Bing воведе Dark Mode за Android 10

Објавено на 18.11.2019 во Новости



Bing воведе Dark Mode за Android 10

Microsoft воведува Dark Mode на дел од своите мобилни апликации, а најнова меѓу нив е Bing со нова надградба за Android од која најмногу корист ќе имаат тие со OLED екрани и ја имаат последната дестта верзија на оперативниот систем.

Bing со новиот темен режим може да го добиете доколу ја инсталирате последната надградба преку Play Store и да сурфате на веб страни со темна позадина и изразен контраст на текстот со што може да заштедите и батерија со помала употреба на светлина од екранот.