САД спрема нова привремена дозвола за Huawei

Објавено на 18.11.2019 во Новости



САД спрема нова привремена дозвола за Huawei

САД одлучи да ја заостри трговската војна со Кина и да стави некои кинески компании на црната листа, па така се влошија односите меѓу двете земји. Последиците од тој затегнат однос најдобро го знае Huawei, кој затоа мораше целосно да го промени пристапот во деловниот свет.

Америка прво забрани трговија со Кина, па потоа овозможи привремена дозвола, на која и истече рокот, а сега повторно овозможува привремена дозвола. Компаниите како што се Qualcomm и Micron, ќе мора да побараат специјална дозвола од владата за да може да ги продаваат своите производи на Huawei. Се уште не е познато колкав период ќе биде новиот привремен временски период.

Автор: Aleksandar Stankov