Прединсталираните апликации на Android ги прават уредите ранливи

Објавено на 18.11.2019 во Android



Прединсталираните апликации на Android ги прават уредите ранливи

Секој смартфон излегува со прединсталирани апликации од фабриката. Тие апликации би требало да му помогнат на корисникот веднаш да го користи уредот, дури и кога никогаш порано не користел таков телефон.

Се повеќе компании што се занимаваат со компјутерска безбедност, предупредува дека меѓу прединсталираните апликации за Android кријат опасност, што би можела да ја загрози безбедноста на корисниците.

Последните предупредувања се од Kryptowire компанијата, која открила дека прединсталираните апликации на Android имаат големи пропусти - откриени се дури 146. Се работи за дупки, кои овозможуваат инсталирање апликации без знаење на корисниците, до пропусти што овозможуваат менување на поставките на самиот уред без соработка од корисникот.





 
Најнови телефони
 
 


{}