Valve најави нова Half Life, интернетот полуде

Објавено на 19.11.2019 во Новости



Valve најави нова Half Life, интернетот полуде

Valve најави дека во четврток ќе пушти нова Half Life игра по речиси десет години и интернетот целосно полуде, особено фановите кои со нетрпение чекаа нешто ново од оваа франшиза.

Сепак, очекувањата треба да бидат претпазливи бидејќи станува збор за играта Half Life Alyx наменета само за уреди со виртуелна реалност.

Тоа значи дека долгоочекуваната Half Life 3 можеби нема да ја добиеме воопшто, а од друга страна употребата на VR уреди засега е доста ограничена, но ќе им дадеме шанса на Valve да се покажат.