Huawei Mate 30 Pro пристигна во Европа, која е цената?
Објавено на 20.11.2019 во Новости
Huawei Mate 30 Pro е еден од најквалитетните фаблетот досега на кинескиот бренд кој за прв пат започна да се продава во Европа и тоа по цена од околу 1000 евра.
Huawei Mate 30 Pro иако е фантастичен смартфон досега се продаваше само во Кина бидејќи не стигна да го добие сертификатот од Google и затоа нема Play Services за директен пристап до апликациите на Android.
Секако, истите може да ги ги инсталирате преку надворешни продавници за апликации.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.