Замена на екран на Huawei Mate X ќе чини 1000 долари

Објавено на 20.11.2019 во Новости



Замена на екран на Huawei Mate X ќе чини 1000 долари

Huawei откри дека замена на оштетен екран на новиот смартфон на преклопување Huawei Mate X ќе чини 1000 долари или околу 40% од неговата тотална цена која изнесува 2400 долари или 2200 евра.

Huawei Mate X е смартфон кој има двоен екран кој се преклопува од надворешната страна за разлика од Samsung Galaxy Fold кој целосниот екран го има на внатрешната страна. 

Секако, Huawei Mate X е уред за ограничен круг на потрошувачи кои сакаат да ја тестираат новата технологија, па затоа и цената засега е многу висока се додека смартфоните на преклопување од ваков вид на се произведуваат масовно.