First look на Nokia 4.2 - Дуо камера и NFC

Објавено на 21.11.2019 во Новости



First look на Nokia 4.2 - Дуо камера и NFC

HMD Global одлично настапува во средната класа каде успева да лансира смартфони кои се многу достапни со прифатливи цени, а притоа нудат одреден адут во перформансите или спецификациите.

Затоа ние решивме да направиме прв преглед на можностите кои ги нуди новиот смартфон Nokia 4.2 како еден од поинтересните избори на македонскиот пазар.

Nokia 4.2 како главни адути со кои се издвојува од останатите конкуренти се секако двојната главна камера на задната страна и можноста за мобилни и безконтактни плаќања преку NFC сензорот. Тоа значи дека може да користите банкарска дебитна или кредитна картичка директно преку смартфонот на POS терминали.

Nokia 4.2 исто така е дел од Android One програмата што значи дека има квалитетен софтвер благодарение на Google и е замислен да биде широко достапен со пониска цена која е многу примамлива.

 

Nokia 4.2 доаѓа со 5,7 инчен дисплеј со HD Plus резолуција од 720х1560 пиксели што на IPS LCD екранот овозможува одлична прегледност, видливост и израз на бои и контраст.

Понатаму за Nokia 4.2 може да кажеме дека во оваа класа има доста солиден осум-јадрен процесор на Qualcomm со 12nm со подобри перформанси од конкуренти кои имаат Mediatek процесори. Nokia 4.2 располага со 3 GB RAM сосема доволни за брзо активирање на апликации од позадина, а располага и со 32 GB основна вградена меморија доволна за сите ваши податоци.

Nokia 4.2 нуди камера со два сензора на задната страна со 13 мегапиксели, автофокус, со f/2.2 леќа. Вториот сензор има 2 мегапиксели и е наменет за поголема длабочина на објективот на камерата.

Nokia 4.2 може да го најдете во пост-пејд и при-пејд понудите на мобилниот оператор Телеком на следниот линк: https://bit.ly/2s5UcwH.