Телеком ја отвори најиновативната продавница

Објавено на 22.11.2019 во Новости



Телеком ја отвори најиновативната продавница

Македонски Телеком отвори нов продажен простор во управната зграда на централниот плоштад во Скопје. Ова е најиновативната продавница во која ќе има директна интеракција со корисниците.

Промоцијата "remotly" ја водеше актерот Сашко Коцев кој истакна дека со стабилна и брза технологија воопшто ќе нема потреба физички да биде присутен на локација за да ги забавува гостите.

Во новата продавница на Телеком може да се најде голема понуда на смартфони и многу иновативни производи како смарт слушалки, смарт часовници, смарт уреди за домаќинство со гласовни команди и уште многу други.

Во текот на денот корисниците ќе може да искористат големи попусти на смартфони со цел новата иновативна продавница да им биде претставена на најдобар начин.