Samsung „неофицијално“ го потврди моделот Galaxy S10 Lite

Објавено на 22.11.2019 во Новости



Samsung „неофицијално“ го потврди моделот Galaxy S10 Lite

Објавена е слика скриншот со моделот Galaxy S10 Lite, за кого компанијата поднела документи во американската регулаторна агенција. Во About опцијата се открива дека се работи за моделот SM-G770F, кој се поврзува точно со S10 Lite, како што досега се шпекулираше. 

Samsung S10 Lite под хауба ќе има Snapdragon 855 процесор, тројна задна камера, дисплеј со големина од 6,7 инчи и батерија со капацитет од 4,500 mAh. 

Автор: Aleksandar Stankov