Голем пробив на податоците на OnePlus

Објавено на 23.11.2019 во Новости



Голем пробив на податоците на OnePlus

OnePlus соопшти дека се случил голем пробив во нивниот систем со што лични податоци на многу корисници се разоткриени. 

Пробиени се податоците за онлајн нарачките на OnePlus што значи дека хакерите сега имаат пристап до мејловите, имињата, телефонските броеви и домашни адреси на корисниците.

Од OnePlus уверуваат дека податоците за картичките и падвордите се безбедни. Тие го откриле проблемот и ги отстраниле хакерите од системот па така корисниците не треба да преземат никакви дополнителни мерки освен да внимаваат на спам и фишинг пораки на е-маил.

Автор: Aleksandar Stankov