Откриена цената на Honor V30

Објавено на 23.11.2019 во Новости



Откриена цената на Honor V30

Huawei за неколку дена ќе ја претстави новата серија на квалитетни смартфони од премиум класата Honor V30 заедно со негов Pro модел кој ќе биде за нијанса поскап.

Според најновите сознанија Honor V30 ќе се продава по цена од околу 650 евра, односно оваа проценка е првично за азиските пазари.

Honor V30 ќе понуди и 5G мобилна конекција како главен адут со осум-јадрен Kirin 990 процесор, 8 GB RAM, 256 GB меморија, батерија со капацитет од 4000 mAh, quad главна камера со четири сензори на задната страна и Android 10 оперативен систем.