Што ќе донесе Huawei nova 5T Pro?

Објавено на 24.11.2019 во Новости



Што ќе донесе Huawei nova 5T Pro?

Huawei уште во август го лансираше иницијалниот модел Huawei nova 5T кој секако не е дел од нова генерација на оваа серија, туку полугодишно подобрување, но Pro моделот задоцни одредено време поради неизвесноста која се појави со почетокот на трговската војна меѓу САД и Кина.

Сега Huawei има помирен период, па така наскоро треба да ја лансира и Pro верзијата на Huawei nova 5T која веќе се појави на Android Enterprise сајтот.

Затоа се дознаваат и повеќе детали за Huawei nova 5T Pro како тоа дека ќе има 5,5 инчен HD Plus дисплеј, осум-јадрен Kirin 980 процесор, 8 GB RAM, 156 GB основна вградена меморија, quad главна камера со примарен сензор од 48 мегапиксели и батерија со капацитет од 4,000 mAh со брзо полнење од 22.5W.





Прочитајте повеќе: