Порно актерките се во војна со Марк Цукерберг

Објавено на 25.11.2019 во Новости



Порно актерките се во војна со Марк Цукерберг

Instagram и YouTube ја развија индустријата за инфлуенсери, но сега веќе правилата се заоструваат, особено за голотија. Поради таа причина Instagram избришал над 1300 профили на „сексуални уметнички“, за кои не се дозволува голотија на социјалната мрежа.

Алана Еванс, претседателката на здружението што ги застапува актерките и актерите во филмовите за возрасни, нагласува дека Instagram исклучил над 1300 луѓе од индустријата, со причина голотија и содржина што ги прекршува правилата на работењето на мрежата. Facebook одговара дека мора да се постават правилата за голотијата и сексуалноста со цел да се обезбеди соодветна содржина за сите, особено младите луѓе. Доколку социјалната мрежа нешто згреши, профилот повторно се враќа на сопственикот.