Huawei Mate 30 е првиот смартфон со апликации од Huawei AppGallery

Објавено на 25.11.2019 во Новости



Huawei Mate 30 е првиот смартфон со апликации од Huawei AppGallery

Првиот смартфон од понудата на Huawei што нема Google сервиси и апликации е Huawei Mate 30, кој неодамна беше лансиран во Сингапур. Наместо апликациите на Google, на корисниците им се нудат верзии од Huawei. За инсталација на новите апликации, наместо Google Play, се користи Huawei AppGallery. Тоа ја претвори AppGallery во третата најголема продавница за апликации во светот, со околу 390 милиони корисници месечно.

Huawei сака во AppGallery да се најдат што е можно повеќе апликации и спремни се да го платат тоа. Така објавија дека се одвоени милијарда американски долари, наменети за девелопери, што изработуваат апликации за системот на Huawei, а ќе ги објават во AppGallery. Ја намалиле и својата провизија за секоја продажна апликација на 15%, што е еднакво на половина помалку од Google, кој зема 30%.