Xiaomi во 2020г. ќе има неверојатно брз полнач од 100W!

Објавено на 26.11.2019 во Новости



Xiaomi во 2020г. ќе има неверојатно брз полнач од 100W!

Xiaomi на конференцијата во Пекинг претстави брза технологија за полнење на батерија, којашто веќе од 2020 година треба да ја имаме во сите премиум уреди. Super Charge Turbo технологијата ќе биде со неверојатен полнач од 100W.

Ако ја толкуваме брзината на новиот полнач, тоа значи дека батерија со капацитет од 4000mAh ќе може да се наполни до 100% за само 17 минути. Се уште е непознато кои модели ќе ја имаат оваа технологија, која нетрпеливо се очекува. Би можеле да ја добијат моделите Mi Mix 4 и Redmi K30

Автор: Aleksandar Stankov