Џони Ајв и официјално е надвор од Apple

Објавено на 29.11.2019 во Новости



Џони Ајв и официјално е надвор од Apple

Џони Ајв по речиси шест месеци откако ја најави својата оставка од функцијата главен директор за дизајн на Apple сега веќе и официјално е надвор од компанијата.

Ајв беше еден од омилените соработници на Стив Џобс кој директно учествуваше во развојот на дизајнот на iMac, iPod, iPhone и iPad смарт уредите.

Тој основа нова компанија специјализирана за дизајн LoveFrom со соработникот и деловен партнер Марк Њусон и токму еден од првите клиенти ќе им биде Apple.

Засега се уште нема најава кој и кога ќе ја пополни функцијата главен директор за дизајн на Apple во пресрет на првиот флексибилен смартфон на преклоп на производителот на iPhone.





 
Најнови телефони
 
 


{}