Специјални камери ќе ловат возачи што користат смартфони

Објавено на 03.12.2019 во Новости



Специјални камери ќе ловат возачи што користат смартфони

Австралиските власти преку воведување на нови специјални камери сќе може да ги ловат возачите кои додека управуваат со моторното возило користат смартфом за повици или допишување со цел да се намали бројот на сообраќајни несреќи предизвикани од невнимание каде често има и фатални последици. 

„Тоа е систем што ќе ја промени културата“, изјави полицискиот командант Мајкл Корбој за австралиските медиуми.

Телефонските повици за време на возењето се легални, но само со уреди кои овозможуваат рацете да бидат на воланот и да се користат гласовни команди, иако и оваа употреба е со одреден степен на ризик од деконцетрација. Сè друго, како видео повици, користење социјални мрежи и фотографии, е нелегално зад воланот.

Мобилните камери за откривање мобилни за време на возење користат вештачка интелигенција што ги разгледува фотографиите и откриваат незаконска употреба на мобилните уреди, информира Бирото за сообраќај во Нов Јужен Велс.

Во првите три месеци од воведувањето на системот за откривање, обвинетите возачи ќе добијат предупредувачки писма. Потоа, казните ќе изнесуваат 233 долари како вообичаена казна и 457 долари казна за користење мобилен зад волан во училишната зона.