iPad Pro 2020 ќе биде со револуционерен дисплеј и побрз чип

Објавено на 04.12.2019 во Новости



iPad Pro 2020 ќе биде со револуционерен дисплеј и побрз чип

iPad Pro моделите на Apple што моментално се пуштени во продажба се очекува да добијат наследници следната година во март. Во втората половина на 2020 година, би требало да добијат и второ освежување - нов 12.9-инчен iPad Pro со mini-LED дисплеј. 

Минг-Чи Куо е познат по точните прогнози за плановите на Apple. Тој верува дека џинот од Купертин развива варијанта на 12.9-инчен iPad со подобрен mini-LED дисплеј. Новата технологија е тука за да го премости јазот помеѓу OLED дисплеите од претходните iPhone-и и евентуалните micro-LED екрани. За новите iPad модели промената ќе биде повеќе од обична транзиција. 

Претстојните модели за март во 2020 година ќе бидат со LCD панели, кои ќе бидат заменети со mini-LED, подоцна во 2020 година. Тие ќе овозможат подобри перформанси и ефикасност за батеријата, подобрена густина на пиксели и потенок дизајн. Според Куо, големата надградба на дисплејот ќе пристигне со следната генерација на Apple A14X чипсет. Тоа би можело да биде претставено во вторник, на 8 септември, 2020 година. Новиот модел би можел да се вика Apple iPad Pro XDR. 

Следната генерација на iPad Pro линијата ќе биде со подобрен 3D систем за скенирање, кој ќе биде значително подобар од Face ID системот искористен од предната страна. Тоа ќе им овозможи на корисниците да креираат три-димензионални копии од соби, предмети и луѓе. Apple очекува да биде во центарот на вниманието со следната генерација на хардверот со технологија за проширена реалност – augmented reality.

, , 

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: