Еве како би можел да изгледа Samsung Galaxy S10 Lite

Објавено на 05.12.2019 во Новости



Еве како би можел да изгледа Samsung Galaxy S10 Lite

Samsung ја претстави најновата Galaxy S10 серија пред 9 месеци, но сега ќе го лансира и Galaxy S10 Lite, кој можеби ќе биде ребрендирана верзија на Galaxy A91. Освен името, моделот изгледа повеќе како Galaxy S11.

Samsung планира да го лансира Galaxy A91/Galaxy S10 Lite со Infinity O дисплеј и дупка во средината на дисплејот од горната страна за камерата. Со оглед на тоа што производителот овде сака да ја намали цената на телефонот, тој ќе биде со 6.7-инчен AMOLED дисплеј, од средната класа. Исто како и Galaxy A90 5G, новиот модел го прескокнува исто така џекот за слушалки. 

Galaxy A91/Galaxy S10 Lite ќе има заден хоризонтален модул за камера, кој ќе изгледа ккао правоаголник, нешто што се планира да се вгради и кај Galaxy S11. Samsung изгледа дека планира да ја лансира новата Galaxy A-серија на 12 декември во Виетнам, каде најверојатно ќе дебитира и A91.