Pokemon Go стартува недела на еволуција

Објавено на 05.12.2019 во Новости



Pokemon Go стартува недела на еволуција

Pokemon Go играта со пренесена реалност иако го нема бројот на гејмери додека беше глобален феномен сепак и натаму продолжува да привлекува голем број на играчи кои собираат покемони.

Затоа Pokemon Go ја стартува неделата на еволуција како посебен настан каде што играчите ќе може да уловат ретки покемони и да користат голем број на бонуси за зајакнување на вештините на тренерите кои ќе траат двојно повеќе.

Неделата на еволуција на Pokemon Go ќе трае до 12 декември.