Доналд Трамп е убеден дека сојузниците нема да соработуваат со Huawei

Објавено на 05.12.2019 во Новости



Доналд Трамп е убеден дека сојузниците нема да соработуваат со Huawei

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера соопшти дека кинеската телекомуникациска компанија Huawei има безбедносен ризик и сите сојузници со кои разговарал, нема да соработуваат откако НАТО порачал дека треба безбедна 5G технологија.

„Не мислам дека е безбедносен ризик, тој е безбедносна опасност. Разговарав со Италија и изгледа дека тие нема да соработуваат со него (Huawei). Разговарав со други земји, нема ниту тие. Сите со коишто разговарав, нема да соработуваат со него (Huawei)“, вели Трамп.

САД стравува дека доминацијата во 5G технологијата ја доведува Кина во завидна положба, што земјите не смеат да ја дозволат. Некои аналитичари објаснуваат дека станува збор за нова студена војна.