Претставен Nokia 2.3 за само 100 евра
Објавено на 06.12.2019 во Новости
HMD Global го претстави новиот смартфон Nokia 2.3 кој е дел од достапната Android One програма што значи дека за неверојатна цена од само 100 ќе обезбеди солидни перформанси.
Nokia 2.3 пристигна со 6,2 инчен 720p HD дисплеј со вградена 5 мегапикселна селфи камера со поддршка за Face ID.
Исто така Nokia 2.3 може да се пофали со осум-јадрен Mediatek процесор, 2 GB RAM, 32 GB меморија, двојна главна камера, како и одлична батерија со капацитет од 4000 mAh.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.