Nintendo Switch урна рекорди со највисока продажба за празниците

Објавено на 08.12.2019 во Новости



Nintendo Switch урна рекорди со највисока продажба за празниците

830 илјади Nintendo Switch конзоли се продадени во периодот од 24 до 30 ноември, што е еднакво на рекордна продажба во Америка. Се разбира, благодарение на Black Friday треската.

Цената на Nintendo Switch Lite конзолата била само 200 долари, во комплет со Mario Kart 8 Deluxe играта. Продажбата се однесува само до петокот, без Cyber Monday. Со тоа Nintendo Switch Lite е на врвот од топ листата на најдобри подароци за празниците.

Автор: Aleksandar Stankov