Cambridge Analytica дефинитивно ги измамила корисниците на Facebook

Објавено на 08.12.2019 во Новости



Cambridge Analytica дефинитивно ги измамила корисниците на Facebook

Се уште трае истрагата за скандалот со Cambridge Analytica, иако помина веќе над година и половина. Американскиот регулатор, Федералната трговска комисија (FTC), објави дека Cambridge Analytica ги измамила корисниците, оти ги собирала нивните податоци од Facebook и ги злоупотребила за профилирање и таргетирање во политички кампањи.

FTC заклучува дека Cambridge Analytica се послужила со погрдна пракса и забранува да учествува во EU-US Privacy Shield системот, кој се однесува за пренос на лични податоци помеѓу Европа и САД. Интересно е што FTC издал таква забрана за компанијата што веќе не постои, затоа што Cambridge Analytica официјално банкротирала и престанала да работ. 



Прочитајте повеќе:


 
Најнови телефони
 
 


{}