Кина со против-мерки против САД на домашен терен

Објавено на 10.12.2019 во Новости



Кина со против-мерки против САД на домашен терен

Доналд Трамп не дозволува американските компании да соработуваат со Huawei и други кинески компании, кои наводно претставуваат „безбедносна опасност“ за САД. Кинеската влада сега има против-мерки што би можеле да им нанесат голема штета на американските компании.

Со посебна директива сега сите државни и јавни институции во Кина мора да го заменат странскиот хардвер и софтвер со производи „Made in China“, кои моментално ги користат на компјутерите и сите други уреди. За целокупната трансформација за замена на софтверот и хардверот се потребни 3 години.