Nokia 7.1 стигна до Android 10 со Dark mode

Објавено на 10.12.2019 во Новости



Nokia 7.1 стигна до Android 10 со Dark mode

HMD Global ја продолжи надградбата со последната верзија на оперативниот систем Android 10, овој пат за квалитетниот уред од средната класа Nokia 7.1.

Корисниците веќе известуваат дека на нивниот Nokia 7.1 смартфон пристигнала надградбата со Android 10 која тежи 1,3 GB и во неа е вклучена ноемвриската безбедносна надградба.

Во надградбата е вклучен Dark mode, подобрена приватност и заштита на податоци, како и подобри смарт одговори на нотификации.

 

Автор: Aleksandar Stankov