Microsoft става крај на Windows Mobile, префрлете се на Android или iOs

Објавено на 10.12.2019 во Новости



Microsoft става крај на Windows Mobile, префрлете се на Android или iOs

Microsoft и официјално става крај на поддршката за сите уреди кои имаат Windows Mobile оперативен систем, додека пак Windows Store базата со апликации се гаси следната недела.

Тоа значи дека повеќе нема да се обезбедуваат надградби ниту поддршка за корисниците на веќе и онака мртвата мобилна платформа која беше лансирана во 2015 година со повеќе Lumia смартфони.

Microsoft препорачува корисниците да се префрлат на Android или iOS мобилна платформа и таму да ги користат апликациите како Office, Bing, Outlook, OneDrive или останатите.