На Gmail во атач ќе одат цели мејлови

Објавено на 11.12.2019 во Новости



На Gmail во атач ќе одат цели мејлови

Gmail воведува нова многу необична функција со која корисниците во прилог ќе може да прикачуваат цели мејлови наместо само да прават на нив препраќање кон контактите.

Од делот за креирање на нов мејл ќе може да ги "влечете" сите мејлови кои сакате да ги ставите во атач, па така тие ќе се прикажат со сите внатрешни содржини, пораки и линии на разговори.

Во една порака може да пратите повеќе прикачени мејлови, да напишете кратко резиме за примачот како и да ги отворите во .eml фајл во нов прозорец.