Новиот Nokia C1 пуштен во продажба за 50 евра

Објавено на 11.12.2019 во Новости



Новиот Nokia C1 пуштен во продажба за 50 евра

HMD Global останува посветен на основниот пазарен сегмент лансирајќи нов супер евтин смартфон Nokia C1 кој ќе биде дел од Android Go софтверската програма што ветува долгорочна корисничка поддршка.

Nokia C1 пристигна со цена од околу 50 и нуди 5,4 инчен дисплеј, работи со четири-јадрен процесор, 1GB RAM, 16 GB основна меморија, главна и селфи камера со по 5 мегапиксели, поддршка за две СИМ картички, како и батерија со капацитет од 3500 mAh.