Почна продажбата на новиот Mac Pro на Apple со изгор цена

Објавено на 12.12.2019 во Новости



Почна продажбата на новиот Mac Pro на Apple со изгор цена

Што и да купите од Apple, мора да знаете дека секогаш се поскапи од другите производи од други компании, но има и зошто. Ако сакате да го купите најмоќниот Mac компјутер, ќе треба да издвоите повеќе пари отколку при купување на некој автомобил од повисоките класи.

Apple ја пушти новата генерација на компјутери за професионалци - Mac Pro, чија основна цена изнесува 6 илјади долари, што за повеќето корисници е превисока сума на пари. Тоа е основната цена која може да се надгради со подобар хардвер. Најмоќната конфигурација на Mac Pro чини неверојатни 53 илјади долари. За оваа цифра добивате 28-јадрен 2,5 GHz процесор на Intel, дури 1,5TB RAM меморија, Radeon Pro Vega II Duo графичка картичка и 4TB SSD. Само зголемувањето на RAM до максимум чини околу 25 илјади долари.





Прочитајте повеќе: