TikTok со нова апликација за музика со текст

Објавено на 12.12.2019 во Новости



TikTok со нова апликација за музика со текст

ByteDance компанијата која стои зад супер популарната апликација TikTok развива нова апликација за стриминг на музика каде песните ќе имаат текст и реакции од самите корисници.

На Resso ќе може да поставувате ваши плејлисти и истите преку социјалните мрежи да ги споделувате со пријателите.

На Resso која е во бета фаза на тестирање засега има ограничен избор на музика, но штом се потпишат договори со најголемите издавачки куќи изборот на песни ќе се зголеми драстично.