Samsung Galaxy Fold со рекордна продажба од 1 милион
Објавено на 13.12.2019 во Новости
Јанг Сон, директорот на Samsung Electronics, официјално соопшти дека Samsung Galaxy Fold годинава е продаден во милион парчиња. Само до октомври се продадени 500 илјади преклопни смартфони.
„Ова е моментот кога може да кажам дека продадовме 1 милион уреди. Има милиони корисници што сакаат да го користат уредот од 2 илјади долари“, изјави Сон.
Голем успех е преклопниот премиум смартфон на Samsung да се продаде во толкава бројка, со оглед на тоа што цената е превисока. Сепак, иновацијата го направи своето со преклопниот Galaxy Fold, кој е прв смартфон на пазарот од таков тип.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.