Huawei им го претстави Mobile Services еко-системот на девелоперите

Објавено на 13.12.2019 во Новости



Huawei им го претстави Mobile Services еко-системот на девелоперите

Huawei на .debug конференцијата го претстави својот Mobile Services еко систем до крајните корисници, кој обезбедува попаметно, побрзо и подобро опкружување.  За девелоперите е обезбедено поудобно користење на cloud услуги и апликации.

Џастина Јаворска, лидерот на Mobile Cloud Services Business одделот во Huawei, го одржа keynote предавањето „A New World for Your App“ во Algebra LAB, во Загреб, Хрватска. HMS (Huawei Mobile Services) вклучува различни апликации, меѓу кои се наоѓа и App Gallery, продавницата со апликации, која опслужува над 390 милиони активни корисници месечно, а годишно бележи над 180 милијарди преземања на апликации. За корисниците моментално се достапни над 11 илјади веќе познати апликации, а нивната бројка константно расте. Иницијалните реакции на корисниците се изразито позитивни, на располагање им стојат и локално познатите апликации, а се очекува и дека преку месец дена во продавницата да бидат со топ 100 апликации.