Како да примате телефонски повици на Windows?

Објавено на 14.12.2019 во Новости



Како да примате телефонски повици на Windows?

Сите корисници на декстоп компјутери со Windows оперативен систем имаат повеќе алатки за синхронизација на нивниот декстоп и мобилен уред, но најдобро е да го користите решението кое го нуди Microsoft.

Во апликацијата Your Phone сега е додадена можноста за примање и на телефонски повици од вашиот смартфон. Претходно Your Phone функционираше со синхронизација на сите пораки и слики од вашиот смартфон за менаџирање на декстоп уредот со Windows систем.

За користење на оваа функција треба да ја инсталирате Your Phone апликацијата на десктоп уредот, како и придружната Your Phone Companion App на смартфонот.