Со Facebook Messenger ќе се дружите со омилените ликови од Star Wars

Објавено на 14.12.2019 во Новости



Со Facebook Messenger ќе се дружите со омилените ликови од Star Wars

Facebook реализира нова соработка со студијата Disney и Lucas Films во очи на претстојната премиера на филмскиот хит Star Wars со последното продолжение Rise of Skywalker од новата трилогија. 

Со новата Star Wars екстензија на Facebook Messenger ќе може да користите филтри кои ќе ве маскираат во ликовите од филмската франшиза додека на пример правите видео повици. Исто така ќе може да користите и специјализирани Star Wars стикери и емотикони за допишување со пријателите.